€99/
По лице
Нашата тура низ Истанбул ви нуди можност да доживеете град со илјадници години историја, неверојатна култура и единствена енергија што го прави неповторлив.
Ова патување е погодно за секој што бара авантура, културно истражување, релаксација и автентично турско искуство.
Прошетајте низ историските улици на градот, посетете ги прекрасните џамии и традиционалните пазари, уживајте во ориенталната кујна и доживејте магично возење со брод по Босфорот - каде што континентот Европа се прегрнува со оној на Азија.
Изберете го Истанбул за вашиот следен одмор и дозволете „Босфор Турс“ да се погрижи за секој детаљ: од удобен сместување и организиран превоз, до културни активности, панорамски прошетки и искуства што ќе ги паметите долго време.
Поаѓањето за Истанбул е од Гостивар во 16:00 часот, од Тетово во 16:30 часот, од Скопско во 17:30 часот и од Куманово во 18:00 часот.
Забелешка: Редоследот и распоредот на посетите може да варираат во зависност од сообраќајот, локалните услови и организацијата на групата.
Të përfshira dhe të përjashtuara
- Автобуски превоз: Скопје – Истанбул – Скопје (кафе, кроасани и пијалоци по пат)
- Сместување во хотел со 5 ѕвездички
- Појадок, базен и спа
- Поаѓање од: Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово
- Kрстарење со брод по Босфор – 15€
- Џамија Чамлича, Босфорски мост & Ускудар – Киз Кулеси – 10€
- Жичара Пјер Лоти – 10€
- Ортакој и Долмабахче однадвор - 5€
Itinerari
Пристигнување во Истанбул наутро. Сместување во хотел, според расположивоста на хотелот, и кратка пауза. По паузата, започнува дневната програма. Дневната програма:
- Посета на 212 Istanbul Power Outlet, со слободно време за шопинг и храна
- Посета на џамијата Чамлиџа, една од најголемите џамии во Истанбул, со панорамски поглед кон градот
- Посета на Ускудар и прошетка покрај Босфорот, со поглед кон Девојачката кула
- Посета на Ортакој, едно од најатрактивните места за прошетка и фотографирање покрај Босфорот
- Слободно време за вечера и прошетка во Ортакој
- Враќање во хотел и одмор
Појадокот во хотелот се служи од 07:00 до 09:30 часот. Во 09:30 часот започнува организираната туристичка програма. Програма на денот:
- Посета на Капали Чарши – Покриената чаршија, со слободно време за шопинг и сувенири
- Посета на Аја Софија, еден од најзначајните историски споменици во Истанбул
- Посета на џамијата Султан Ахмет, позната и како Сината џамија
- Прошетка низ историскиот плоштад Султанахмет и фотографирање кај главните знаменитости
- Панорамско крстарење со брод по Босфорот, со поглед кон европскиот и азискиот дел на градот
- Запирање кај палатата Долмабахче за фотографирање однадвор
- Посета на Балат, населба позната по шарените куќи и историските улички
- Во вечерните часови, посета на плоштадот Таксим, улицата Истиклал и областа околу кулата Галата
- Слободно време за прошетка, шопинг и вечера
- Враќање во хотел и одмор
Појадокот во хотелот се служи од 07:00 до 09:30 часот. Во 09:30 часот се одјавуваме од хотелот и започнува дневната програма:
- Посета на џамијата Ејуп Султан, едно од најзначајните духовни места во Истанбул
- Искачување со жичница до ридот Пјер Лоти
- Време за фотографирање и одмор со панорамски поглед над Златниот Рог
- Посета на Venezia Mega Outlet
- Слободно време за шопинг, храна и одмор
- По завршувањето на програмата, поаѓање кон Северна Македонија